Профил на компанијата
Компанијата БК Маркет е основана на 07.03.1992год. Како претпријатие за производство, сервис, трговија на големо и мало и увоз-извоз. Во почетокот на своето работење главна дејност е трговија на големо со градежни материјали, потоа отпочнуваме со претприемачки услуги во градежништвото за денес да дефинираме три основни гранки во нашето работење и тоа:
- трговија
- производство на хартиени кеси
- производство, монтажа и продажба на вертикална сигнализација и сообарќајна опрема
Трговија
Застапници на Ф-ка за Производство на Кавсец и Алкохол АД. Битола за Руската Федерација, извоз на сув инстант квасец за пекарската индустрија.
Производство на сообраќајна вертикална сигнализација
-
Во 2006 год. започнуваме со :
- Производство и монтажа на вертикална сообраќајна сигнализација (знаци, патокази и информативни табли.),
- Производство и монтажа на сигнализација за заштита при работа.
- Набавка и монтажа на сообраќајна галантерија и опрема за патишта (насочници, рефлектирачки тела на заштитни огради, трепкачки светла, делинеатори и др.).
Производството на сообраќајните знаци во целост ги исполнува важечките стандарди и регулативи во Р.Македонија и ЕУ.
Производство на хартиена амбалажа
Во 2008 год. водени од новите трендови и законски одлуки за користење на еколошки кеси за пакување, инвестираме во изградба на производствен погон, магацински простор и набавка на машини за производство на хартиени кеси и од 01.2009год. отпочнуваме со производство на хартиени кеси. Производството се одвива во современа производствена хала која ги исполнува сите стандарди и услови потребни за изработка на хартиена амбалажа за прехрамбената индустрија. Во склоп на производствениот погон се наоѓа и магацински простор за суровината за производство и готовиот производ.
Изработка на хартиени кеси за леб, бели пецива, сендвичи, супермаркети, месарници и аптеки.